6.8 C
Skopje
петок, ноември 29, 2024

Миланов: Овластувањата на поранешните обвинители од СЈО се спорни

Во текот на дебата на 24Анализа адвокатот Еленко Миланов го оспори сегашното овластивање по кое поранешните специјални обвинители го продолжија водењето на предметите пред судот.

-Овластувањата на овие обвинители го спорам чисто правно. Со одлука на советот на јавни обвинители, овие обвинители се вратени во основните јавни обвинителства. Основното јавно обвинителство нема стварна надлежност да постапува во предмети од одделението за организиран криминал. Ни се појавуваат обвинители кои се избрани за постапување пред судови во Куманово, Радовиш Кочани, кои доаѓаат и застапуваат предмет во судот во Скопје. Немаат месна надлежност согласно Законот. Такво овластување дури и Републичкиот јавен обвинител не може да им даде или пренесе. И затоа е спорно секое постапување од оној момент од кога се превземени. А дури и превземањето е дискутабилно и спорно. Со што се превземени? Со кој документ? Кој ги превзема, по кој основ? – рече Миланов.

Миланов се осврна и на сведочењето на Зоран Верушевски во кое тој пред судот кажа дека бомбите претрпеле страотно модифицирање и се компромитирани. Миланов и самиот потврди дека овие сомнежи се основани, бидејќи и дел од разговорите кои ги слушал имале нелогичен крај , а на тоа го придодаде и мислењето на некои сведоци кои кажале дека СМС комуникацијата без траг може да биде целосно заменета.

-Ако ја земеме снимката која беше пуштена јавно за убиството на Нешковски и она што од таа снимка можеше да се добие и што се тврдеше дека е таа снимка, и кога ја пушти Ел Чека таа снимка во целовитост излегува нешто сосема друго. Ако тоа го поврземе со тоа што го кажа Верушевски произлегува дека тој е во право. Јас во Судница преслушав илјадници разговори во разни предмети. Знаете дека има нелогични прекинувања на разговорите? И никој тоа не го третира. На сред реченица во сред мисла се прекинува и нема продолжение. И сега ова што го кажа Верушевски ги компромитира и разговори и СМС пораки. Посебно што веќе има изготвени вештачења согласно кои, апсолутно без никаков траг пораките може да се менуваат во целата нивна содржина. На крајот на краиштата на тие стручњаци во ниеден предмет не дозволуваат да го види во присуство на луѓе од судот? Во СЈО зошто не дозволуваат тие фајлови да се видат, колку се веродостојни, дали се менувани или не се менувани? Имаме изјава дека тие ( материјалите) се вештачени не знам каде во Германија, па каде е тоа вештачење? Зошто никој никаде не го појави?- посочи Миланов.