Милановиќ: ЕУ не третира како мизерни губитници

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска изјави дека ЕУ се однесува недозволиво кон таа држава, наведувајќи го како пример „дрското и скандалозно писмо“ на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел до хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман.

Тој не ја откри содржината на писмото, но навести дека тоа се однесува на барањето на Хрватска да учествува во мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина.

Милановиќ рече дека не сакал да зборува за тоа порано за да не го загрози влезот на Хрватска во Шенген, со што „заврши хрватската историја“, бидејќи „сите крадци ќе можат да влезат во Хрватска без надзор, без гранична контрола“.

– Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Жозеп Борел, испрати „скандалозен, груб, лажен, манипулативен, неточен“ одговор до Грлиќ Радман, вели Милановиќ.

Милановиќ тврди дека Борел, кој е „хистеричен“ и „се заканува“ наоколу, во своето писмо „измислува“ резолуции на Советот за безбедност и одлуки на европските совети за Хрватска да не учествува во Алтеа.

Во мисијата Алтеа учествуваат повеќе од илјада војници од 20 земји, но не и Хрватска, на чие учество се противат бошњачките политичари и некои европски земји.

Претседателот на Хрватска побара Грлиќ Радман да го објави одговорот на Борел на писмото, нагласувајќи дека тоа не е тајна, и најавувајќи дека во спротивно тоа ќе го направи тој.