Милановиќ: Хемискиот материјал од Сирија нема да се претовара во Хрватска

Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, најави дека хемиските материјали од Сирија нема да се претоварат во Хрватска, туку тоа најверојатно ќе се случи во Италија.

Милановиќ рекол дека предоцна го примиле барањето за претоварање и дека тоа нема да се случи на хрватска територија.

„Ништо од тоа нема да се случи бидејќи Италија по долгите разговори, прифатила тоа да се направи некаде во Италија“, изјавил Милановиќ.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.