Милчин и соросoидите го поддржуваат палењето во Чаир

На првиот човек на Фондацијата Отворено општество Македонија, попозната како СОРОС, Владимир Милчин му се допаѓа палењето во скопската населба Чаир, по инцидентите кои избија во Скопје поврзани со пресудата за случајот „Монструм“, пишува Курир.

Ова може да се забележи на Фејсбук профилот на порталот Либертас, каде е објавена веста „Фото: Запален огромниот постер на Гордана Јанкулоска во Чаир“, пост кој е “лајкнат“ од страна на Владимир Милчин.

Оваа информација им се допаѓа на директорот на Сорос фондацијата, Милчин и 17 други истомисленици.

Пожарот кој синоќа беше предизвикан од група вандали кои се разбегале по пристигнувањето на полицијата беше опасност за зградата и станарите. После ова, се поставува прашањето дали Владимир Милчин ги поддржува насилствата и нападите врз полицајците, бидејќи очигледно му се доаѓа палењето на постерот на Јанкулоска во Чаир.

Дали првиот човек на Фондацијата Сорос во Македонија го поддржува каменувањето и демолирањето на Судот и кој е неговиот став за случајот „Монструм“ останува отворено прашање.