Милчин: Морничава е леснотијата со која Заев го распродава/раздава она што не е негово

191

Морничава е леснотијата со која Заев го распродава/раздава она што не е негово, пишува поранешниот прв човек на „Институт Отворено општество – Македонија“, режисерот Владимир Милчин.

-Морбидно е тоа што раздавањето го прави кога вирусот како црна чума добива на сила и со вртоглавиот раст на бројките ги празни улиците и ја пренасочува загриженоста на граѓаните на прашањето како да се преживее.
Мачно е да се гледа молкот во пратеничката група на СДСМ. Барем еден да му откажеше послушност на прематарот и да го променеше статусот во независен. Мачно е клиентелистичкото едноумие, односно послушноста која потсетува на колишевизмот, пишува тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.