Миле е крив за се, па и во ова обвинение, коментираше Јанакиевски

Обвнителниот акт е неоснован и им се суди на таргетирани личности рече Миле Јанакиевски во воведниот говор за предметот познат како Шпански скали каде одгоара дека како министер не ги раскинал 4 договори  за оттуѓување на градежно земјиште во центарот на Скопје ниту наплатил пенали. Јанакиевски смета за тоа не се одговара кривично туку се води граѓанска постапка и праша зошто и неговите наследници не се обивнети бидејки ни тие не ги раскинале договорите. Обивнителството него и уште 9 мина обивнети од минситерството нотари правобранител и сопственик на фирма ги гони за злоупотреба на службената положба а еден вработен во катастарот за несовесно постпаување во службата. Штетата предизвикана на буџетот, според обвинението е 2,6 милиони евра, пренесе ТВ Телма.

Миле е за се крив па ајде и во ова обвинение. Ова беше еден од коментарите на екс министерот за транспорт и врски Јанакиевски кој исто како и останатите 10 мина обивнети во предметот познат како Шпански скали негираше вина. Обвинителството пак најавува дека со многу докази ќе го докаже спротивното. Иако инвеститорот доцнел, не ги раскинале спорните 4 договори за продажба на државно земјиште – на кое требало да се изградат  хотелски комплекси а на една од парцелите Шпанските скали како оние во Рим ниту наплатиле казна. Од незаконското постапаување државата била оштетена 2.6 милиони евра, рече обивнителката Трајчева

Ќе докажеме дека министерството постапило законски а јас како министер не сум можел да ги следам сите над 1000 договори кои беа склучени додека бев министер. За тоа имаше посебен сектор рече Јанакиевкси

Миле Јанакиевски, обвинет во Шпански скало:

Започнува судски процес поради таргетирани личности а не поради тоа што се сторени кривични дела. Наведените пропусти подлежат на граѓанска постапка а не на кривична.  Договорите се се уште во сила. Зошто истражните органи постапиле селективно и не поднеле пријави и за другите двајца министри после мене и за градоначалникот на Центар, туку само за мене.

Освен Јанакиевски во овој предмет се обвинети и  Димитар Димовски член на Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ  Дејан Митревски претседател на општински комитет на оваа партија во Аеродром,  правобранитлеката Емилија Радојкова, двајца нотари и уште 5 мина други вработени во министерството за трнаспорт и врски, Катастар и сопственик на фирма.

Пред повеке од 2 години општина Центар го поништи одобрението за градба бидејки инвеститорот го пробил рокот од две години во кој требал да почне да го гради објектот. На локацијата каде што требаше да се гради комерцијален објект со Шпански скали, град Скопје како привремена опција постави вештачки тревник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.