Миле Јанакиески е во домашен притвор

Според изјавата на адвокатот на Јанакиески , Еленко Миланов, притворот му е заменет со домашен притвор по одлука на Апелацискиот суд.

Мерката притвор на Јанакиевски е заменета со домашен притвор со одлука на Апелацискиот суд, кој вчера на јавна седница ја разгледувал жалбата на одбраната за последното продолжување на 30 дневниот притвор.

Екс министерот за транспорт и врски Јанакиевски беше приведен на 29 јуни по барање на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал заедно со уште 7 други лица, осомничени во истрагата “Шпански скали”