Миле Јанакиевски поради силини бубрежни болки пренесен во ГОБ „8 Септември“

87

Со силна бубрежна болка Миле Јанакиевски од затворот во Шутка бил однесен во ГОБ „8 Септември“.

Јанакиевски околу 19 часот бил примен во Ургентниот центар со болка во бубрезите. Му направиле ехо преглед, лаботаториски анализи и снимање на рендген, а го прегледал и уролог.

Јанакивески добил терапија и останал во болницата до смирување на болката, по што затворската полиција го вратила назад во затворот во Шутка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.