Поранешниот советник на премиерот Зоран Заев и поранешен директор на некогашната Управа за безбедност и контраразузнавње (УБК), Миле Зечевиќ, вели дека се гледа себеси на лидерската позиција во СДСМ на местото на Заев но не и на местото премиер.
Во дебата на теелвизијата ТВ 24, Зечевиќ рече дека смета оти поради стабилноста на земјата и мнозинството, Заев треба да остане претседател на Цладата.
„Клучен момент што ќе пресече е да го почувствува импулсот на членството во овој момент. Единствено тоа ми е битно и битно ми е останувањето на Заев во Владата како премиер“, рече Зечевиќ.
Во однос на рокот за поднесување кандидатури, членот на СДСМ смета дека е малку време за промовирање и објаснување на визиите на кандидатите.
„Краток е периодот. Тоа е дамка. Во однос на другите кандидати, јас сум во предност во однос на нив. Сите структури долго ме познаваат. Јас бев булдожерот на СДСМ во сите овие години“, рече Зечевиќ.