Милески „Кичеец“ од октомври ќе ја отслужува казната за случајот „Рекет“

Осудениот во коурптивниот случај „Рекет“, Зоран Милевски – Кичеец, следниот месец ќе треба да почне да ја издржува затворската казна.

Ова го потврдуваат од Кривичниот суд од каде не кажуваат точно кој датум му е одреден за да се појави, а за ега не откриваат ниту за во кој затвор добилупатен акт, објави Телма.

Велат дека одлуката сега се испраќа до него, па тоа е причната поради којашто не откриваа детали, сѐ додека тој не потврди дека ја примил.

Рокот е 30 дена, но Милески има можност да бара да се одложи неговото одење в затвор од повеќе причини, како што се болест, смрт или тешка болест на близок, за да заврши неодложни работи или, пак, за да се грижи за деца или немоќни лица.

Милески на стартот на процесот призна вина по што веднаш ја доби и пресудата. Освен Кичее, во истиот процес на седумгодишна затворска казна е осудена и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и на девет годишна затворска казна неформалниот соспственик на поранешната 1ТВ, Бојан Јовановски попознат како Боки 13.