Милески: Се сомневам дека најголемата корупција и промашеност на владата на Заев оди преку таканаречениот „Фонд за иновации“

104

Се сомневам дека најголемата корупција и промашеност на Заевата Влада оди преку таканаречениот „Фонд за иновации“, вели бизнисменот и активист Роберт Милески.

-Убаво би било новинарите да најдат одговор на едно едноставно прашање од јавен интерес – колку пари од граѓаните се вложени и колку работни места се создадени со нив. Во Македонија ново работно место се проценува на инвестиција од 5.000 до 10.000 евра. Која е цифрата за работно место создадено од фондот? (досега знам за 47 работни места, а се фалат како да создале десетици илјади), пишува Милески на Фејсбук,:

„Настрана фактот што сдс јавното обвинителство со прст не мрда за очигледните коруптивни зделки преку измама за помагање на сдс апологети преку овој фонд. А тие се неколку во низа, но со време очигледно сите се забораваат. Тоа е целта, нели. Белки има некој што води евиденција“, додава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.