Милевски до Заев: Дојдовте да проверите колку заработиле фирмите на Вашата „расплакана“ фамилија во РЕК Битола

„Злосторникот се врати на местото на злосторот“. Тој кој го потпиша најголемото предавство во Преспа, вчера се шеташе низ
Преспа. Во Битола денес е дојден најголемиот „патриот“, рече на денешната прес-конференцисја Пеце Милевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Истиот тој кој отиде кај нашинците во Мала Преспа, а од сите наши се откажа. Тој кој зборува за македонски јазик, а ниту свети Кирил и Методиј, ниту свети Климент и Наум му се свети. Тој! Заев – е денес во Битола. Господине Заев, зошто денес сте во Битола? За празните ветувања за десулфуризација, еколошки дозволи, филтри на оџаците во РЕК како крајно решение на проблемот за загадениот воздух што се уште го дишат битолчани?  Нешто, за што Вашиот Ковачевски пред РЕК Битола, деноноќно се сликаше лажно загрижен за здравјето на битолчани, а всушност есапеше со денешниот директорлук – ГИ ЛАЖЕШЕ БИТОЛЧАНИ? И ете бидна директор ама трите блока на РЕК од тогаш никако не профункционираа истовремено! Дали по обиколката на Преспанското езеро констатиравте дека сите хидро системи ги исушивте? А денес дојдовте да видите за уште колку работни минути на електраната има јаглен на депонија? Или можеби дојдовте да проверите колку заработиле фирмите на Вашата „расплакана“ фамилија во РЕК Битола во најлошата економска година од постоењето на самостојна МАКЕДОНИЈА, истакна Милевски.

Не јас, народот е тој што Ве прашува. Одговорете! Но едно е јасно битолчани казнувале, ќе казнуваат и за криминал и за предавство, додаде тој.