Милевски: Гарантираме безрезервна поддршка за сите бизниси – тие се едни од најважните катализатори на развојот на општината!

Локалните бизнисмени како никаде на друго место јасно кажуваат дека изминатите 4 години беа закочени да инвестираат и тоа токму од локалната самоуправа водена од СДСМ. 4 години не можеа да добијат никаков документ за нови градби или оптимизација на постоечките. Развојот на Битола 4 години го кочеше СДСМ со добо позната политика на неработење и губење време заради задкулисни калкулации за тесни бизнис интереси, изјави денеска за медиумите, носителот на листата Пеце Милевски на средба со стопанствениците во Битола.

Тој истакна дека од денешната средба со претставници на стопанството, малостопанственици, претставници од претприемништвото, може да гарантираат безрезервна поддршка на СИТЕ бизниси како нова локална самоуправа, затоа што тие се едни од најважните катализатори на развојот на општината!

– Ние гарантираме општина – креатор и поттикнувач, партнер на стопанството и целата бизнис заедница. Ние, како нова локална самоуправа гарантираме услови и за поддршка на малите бизниси, поддршка за дуќанџиите, кои се најдоа страшно погодени од досега најголемата здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата КОВИД 19. Ние гарантираме поддршка и подготвеност, ефикасно, ефективно и брзо општината да ги сервисира нивните барања, ние гарантираме услови тие да можат можат да ги развиваат своите бизниси, а со тоа директно да влијаат врз локалниот економски развој на Општината, посочи Милевски.

Тој додаде дека како дел од општинскиот Совет во изминатиот период континуирано предлагале економски мерки на локално ниво, кои барем делумно требаше да ги олеснат и залечат последиците на бизнисот и занаетите во Битола но како и секогаш СДСМ остана слепа и глува на сите тие предлози.

– СДСМ едноставно не сакаат да работат затоа и предложија кандидат со кој сакаат да заработат, дециден е Милевски.