Милевски го објави списокот за средбите со Малта и со Фарски Острови

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски, денес го објави списокот со повикани играчи за престојните натпревари против Малта во квалификациите за ЕП и против Фарски Острови контролен.

На списокот на Милевски се најдоа:

Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Кристијан Наумовски и Игор Алексовски

Одбрана: Висар Муслиу, Ѓоко Зајков, Дарко Велковски, Стефан Ристовски, Езѓан Алиоски, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Владица Брдаровски и Бојан Димовски.

Среден ред: Енис Барди, Елиф Елмас, Аријан Адеми, Јани Атанасов, Агон Елези, Давид Бабунски, Давор Здравковски и Стефан Ашковски.

Напад: Бојан Миоски, Александар Трајковски, Милан Ристовски, Дориан Бабунски, Ваљон Етеми, Илија Несторовски и Дарко Чурлинов.

Средбата со Малта е закажана за 23 март, со Фарски Острови е четири дена подоцна (27 март).