Милевски го соопшти списокот со младите фудбалери за контролните дуели со Анталија

32

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година на 21 март патува за турска Анталија каде што ќе одигра три контролни натпревари, против Казахстан (24 март), Словачка (27 март) и Бугарија (29 март).

Селекторот Благоја Милевски за подготовките во Анталија ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Дамјан Серафимов (Македонија Ѓ.П.), Стефан Јакимовски (Кадино);

Одбрана: Александар Ѓурковски (Вардар), Марио Младеновски (Ботев Пловдив, Бугарија), Виктор Крстевски (Вардар), Блертон Шеји (Струга Трим Љум), Филип Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Филип Антовски (Славија Софија, Бугарија), Мартин Радуловиќ – Величковиќ (Вардар), Бесник Ферати (Академија Пандев);

Среден ред: Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Давид Калпачки (Беласица), Флорент Рамадани (Шкендија), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка), Бојан Димоски (Академија Пандев), Агон Елези (Вараждин, Хрватска), Лука Станковски (Работнички), Димитар Тодоровски (Работнички);

Напад: Марко Ѓорѓиевски (Раднички Пирот, Србија), Дарко Чурлинов (Штутгарт, Германија), Јакуп Бериша (Шкупи), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија), Методија Максимов (Работнички), Берат Калкан (Карачабej, Турција).

„Овие натпревари се последен филтер за тоа како ќе изгледа тимот во квалификациите за Европското првенство. Сите повикани фудбалери ќе добијат подеднаква минутажа на трите меча. Нашата цел е да добиеме точна претстава за квалитетот на секој фудбалер, а на нив останува дали ќе заслужат место во тимот на јунските квалификации“, изјави селекторот Милевски за веб-страницата на ФФМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.