Милевски: Мечот со Исланд дополнително нѐ мотивира

43

Во пресрет на натпреварот со Исланд в недела кој македонската фудаблска селекција со победа би остварила историски подвиг освојувајќи го второто место во групната фаза од некои квалификации за големите меѓународни настани и би се избориле за доигрување за обезбедување пласман на Светскот провенство во Катар следната година, на официјалната прес-конференција пред дуелот зборуваше селекторот Благоја Милевски.

„Не би рекол дека Исланд е најтежок натпревар.  Нè очекува последен дуел во квалификациите. Ништо поинаку не се подготвуваме, туку како и за сите предходни. Сите натпревари се важни, а тоа што имаме шанса за пласман во баражот не нè оптеретува, туку нè мотивира дополнително.Не чувствуваме посебен притисок, секако подобро е сам да одлучуваш отколку да чекаш од други. Публиката може да ни даде мотив и ветер во грб, а не притисок“, рече македонскиот селектор.

„Натпреварот со Ерменија е веќе зад нас. Очекувам сосема поинаков натпревар утре, но ние сме спремни и се надевам ќе одговориме на предизвикот. Имаме план како да го победиме Исланд, се надевам ќе нема индивидуални грешки како на минатиот дуел. Секогаш се случуваат грешки, ама се надевам ќе ги избегнеме и ќе дојдеме до посакуваниот резултат. Прво очекувам да одиграме поинаков меч од тој во Исланд. Дали ќе играат на ист начин како против Романија, не знам. Сепак, ние сме спремни како да играме против нив. Исланд е поинаков од Ерменија и затоа натпреварот не може да биде ист како претходниот“, изјави Милевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.