Милевски: Не можам да не сум задоволен како игравме

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски по ремито во средата во Разград со Бугарија (1:1) изјави дека Македонија ја надигра Бугарија и како одигра нашата репрезентација го задоволила но на крајот сепак еден бод од денешниот меч е премалку.

„Не сум задоволен од резултатот. Мислам дека Македонија беше подобра, одигравме перфектно второ полувреме, а и првото беше во ред. Не можам да не сум задоволен како игравме, но не сум задоволен од резултатот. Го контролиравме мечот во секој дел, посебно во вториот, но во периодот во кој се наоѓаме и фудбалерите не се во најдобра форма, можам да најдам оправдување во завршницата и лошата реализација. Ни се случуваше и во првиот деч, да имаме шанси и не ги реализиравме. Задоволен сум како одигравме“, рече Милевски.