Милевски: Не случајно инсистирав да играме против квалитетни репрезентации

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски на официјалната прес-конференција зборуваше за очекувањата од натпреварот против Финска кој ќе го одиграме утре на Националаната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

„Лигата на Нации е зад нас. Сега не очекуваат два натпревари против Финска и Азербејџан како генерална проба пред квалификациските натпревари во март. Секако ќе пробаме различни варијанти кои ќе ни бидат во функција за сето она што не очекува на квалификациските мечеви. Не случајно инсистирав да играме со квалитетни противници, Финска е супер тим, неслучајно се во вториот барабан за групите од европските квалификации. Натпреварот ќе ни покаже или ќе ни даде насока и правец што би требало да се промени или да се задржи за она што не очекува и во групната фаза. Знаете дека имаме квалитетна група и затоа ни се потребни овие контроли со квалитетни противници.

„Ќе има некои промени, особено што последните мечеви ни дадоа некои насоки, посебно во реализацијата дека треба да се подобриме. На тој момент не бев задоволени се надевам во иднина ќе го промениме тој сегмент, изјави Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација: