Милевски си заминува, Македонија У21 ќе добие нов селектор

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година од јуни ќе има нов селектор, бидејќи на крајот од месецот Благоја Милевски ќе замине во Израел во тимот „Ашдод“, каде и настапуваше како фудбалер од 2001 до 2004 година. Милевски денеска презентираше дел и од активностите на оваа селекција во овој месец, односно кампот во Азербејџан и двата пријателски дуели со соодветната репрезентација на оваа држава.

Благодарност до сите за поддршката. Договорот со ФФМ ми е до 1.јуни и ќе бидам на располагање. Понекогаш во животот мора да се продолжи понатаму. Чуствувам дека ми е потребен нов предизвик. За Азербејџан нема да патуваат Личина, Абаз, Елмас, Митровски поради повреди, а ќе бидат вклучени и неколку играчи од селекцијата У-19. Што се однесува до мојот нов ангажман, треба да напоменам дека во два наварти ги одбив, првиот беше пред дуелот со Шкотска од квалификациите, а вториот пред ЕП во Полска, изјави Милевски.

Двата натпревара со Азербејџан се играат на 24.мај и на 27.мај со почеток во 19 часот. Од ФФМ најавија дека во најбрз можен рок ќе биде објавен конкурс за избор на наследник на Милевски.

Боби Милевски го донесе најголемиот успех на македонскиот репрезентативен фудбал откако со селекцијата до 21 година се пласира на Европско првенство во Полска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.