Милевски: Треба да сме сите горди на овие наши момци

Треба да сме сите горди на овие наши момци кои сиот овој период ни покажаа дека имаат сериозен потенцијал да се доближиме до самиот европски и светски врв, порача порача селекторот на македонската фудбалска селекција Благоја Милевски, по поразот од Португалија во Порто во финалето од дополнителните квалификации за светското првенство во Катар.

„Можам да бидам горд и на денешното одиграно на нашите момци кои со кренати глави може да го завршат овој циклус за пласман на СП 2022“, изјави Милевски.

„По одиграното против Италија бевме исцрпени, знаев дека физички не можеме да се носиме, физички исто така и свесно сакавме да ги оддалечиме од нашиот гол. Жалам што примивме голови кога бевме доминантни во играта. Пепе и тоа како е важен дел од играта на португалската репрезентација, еден вид икона. Грешките се составен дел од играта, но и по таа грешка не отстапивме од организираноста на тимот. Мислам дека бевме достоен ривал и вакви натпревари како во Порто и Палермо можат да ни помогнат да се доближиме до врвот“, посочи Милевски.