Милевски: Триумфот е мотив плус и показател дека сме на вистинскиот пат

Селекторот Благоја Милевски најави дека македонските фудбалери со иста желба и мотивираност како вчеравечер во Палермо ќе и се спротивстават и на Португалија во завршниот натпревар за пласман на Мундијалот во Катар.

Притисок секогаш ќе има, но и мотивот (за победа) секогаш е тука, без разлика кој ни е противник. Фер и коректно е да се надеваме дека можеме да победиме, изјави Милевски по пристигнувањето на репрезентативниот табор вечерва на скопскиот аеродром.

Коментирајќи ја сензационалната победа над европскиот првак Италија на гостински терен, Милевски рече дека триумфот е „мотив плус и показател дека сме на вистинскиот пат“.

-Ние сме мала држава и мала репрезентација, во создавање. Нашата цел е да се развиваме и во иднина да се приближиме кон најдобрите, а овие резултати ни се показател дека сме на вистинскиот пат, изјави Милевски, кој денеска го прославува својот 51. роденден.

(МИА)