Милијардерот Блумберг размислува да се вклучи во трката за претседателската номинација кај демократите

демократите

Поранешниот градоначалник Мајкл Блумберг сериозно размислува за влегување во трката за претседателската номинација на Демократската партија, што може значително да го поремети натпреварувањето меѓу демократите само три месеца пред првите избори за номинацијата.

Милијардерот и медиумски моќник кој во три мандата беше градоначланик на Њујорк, Мајкл Блумберг, е скептичен дека кој и да е од моменталните кандидати на Демократската партија може да го победи републиканскиот претседател Доналд Трамп на претседателските избори следната 2020 година.

„Мајк е сѐ позагрижен бидејќи моменталните кандидати не се добро позиционирани за да го победат Трамп“, вели Хауард Волфсон, портпаролот на Блумберг.

Меѓу досегашните 17 демократски кандидати се издвоија четворица со најголеми шанси за освојување на номинацијата: сенаторите Елизабет Ворен и Берни Сандерс, коишто го претставуваат левото крило на партијата, поранешниот американски потпретседател Џо Бајден и градоначалникот на Саут Бенд во сојузната држава Индијата, Пит Бутиџич, коишто го претставуваат центристичкото крило.

„Доколу Мајк се кандидира, тој на демократите би им понудил нов избор, времелен на единствениот рекорд во водењето на најголемиот американски град, градењето на деловната кариера од нула и преземањето на некои од најтешките американски предизвици како влијателен филантроп. Мајк би може да води борба со Трамп и да победи“, смета Волфсон.

Блумберг го критикуваше планот на Елизабет Ворен да воведе данок за супербогаташите за да може да се финансираат програмите во распон од универзална здравствена заштита до бесплатно школување на факултетите.

Веројатен судир со либералното крило на демократите

Доколку влезе во трката, Блумберг веројатно ќе се натпреварува со кандидатите како Бајден и Бутиџич, како умерена алтернатива за популистичкиот прогресивизам на Ворен. Меѓутоа, притоа веројатно ќе мора да се соочи со одбивноста од либералното крило на партијата, кое е загрижено поради преголемото влијание на корпоративните пари во политиката и нееднаквоста на приходите во САД.

„Повеќе милијардери кои бараат повеќе политичка моќ сигурно не е промена која ѝ е потребна на Америка“, вели Фаиз Шакир, менаџер на кампањата на Сандерс.

Ворен на веста за намерите на Блумберг одговори со твит во кој води на линк кој покажува колку ќе плати тој на нејзиниот данок на богатството.

Блумберг, кого списанието Forbes го смести на осмото место на најбогатите Американци со процена дека неговото богатство изнесува 53,4 милијарди долари, би можел главно самиот да си ја финансира кампањата, што ќе му овозможи да ја забрза својата кандидатура. Сепак, би му било потребно повеќе време да ги организира на своите луѓе на теренот.

На возраст од 77 години, Мајкл Блумберг би бил вториот најстар кандидат меѓу демократите, зад Берни Сандерс кој има 78 години. Џо Бајден има 76 години, а Елизабет Ворен е на 70-годишна возраст, додека на спротивната страна Доналд Трамп има 73 години.

Демократските внатрепартиски избори во сојузната држава Ајова, првото гласање за номинацијата во нивниот календар, ќе се одржат на 3-ти февруари.