Милијардерот Блумберг се вклучува во претседателската трка во САД

Милијардерот Мајкл Блумберг како демократ синоќа предаде кандидатура за претседателската трка до Федералната изборна комисија.

Откако предаде формално кандидатура, Блумберг може да почне да собира средства за кампањата.

Негов соработник изјави синоќа дека конечната одлука за кандидатурата не е донесена.
Блумберг (70) еден од најбогатите Американци сигнализираше дека може да биде дел од предизборието во Демократската партија навестувајќи дека според него, досегашните 20 кандидати се слаби за избор. Ако влезе во трката веројатно ќе мора да се откаже од неколку држави каде негови потенцијални противкандидати веќе се о месеци таму водат кампања.

Блумберг веќе се регирстрираше за избори во Алабама, Арканзас и Тексас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.