Ново спортско игралиште денеска беше пуштено во употреба во селото Милино, во општина Лозово.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески заедно со вицепремиерот Владимир Пешевски и градоначалникот на општина Лозово Орце Цветковски свечено го предадоа во употреба новоизграденото повеќенаменско игралиште од проектот „ Изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава“.
Изградбата на игралиштето е во вредност од седум милиони денари.
Со изградбата на повеќенаменското игралиште во општина Лозово ќе се овозможат услови за непречен развој на младите и спортистите да спортуваат и рекреираат на истото. Игралиштето е со димензии за одигрување на натпревари во мал фудбал, ракомет и кошарка, а и со систем за ноќно осветлување – рефлектори за одигрување натпревари во ноќните часови.
Покрај ова повеќенаменско игралиште, во Општина Лозово во 2011 година изградено е и предадено фудбалско игралиште за потребите на граѓаните и фудбалерите на ФК Работник од Лозово