Милион луѓе на ритуалното капење во Ганг и покрај Covid-19

22

Се очекува дека речиси милиони хиндуистички верници ќе се соберат на бреговите на светата река Ганг во петок и саботата на ритуалното капење и покрај галопирачкото ширење на Covid-19 во Индија, изјавил за Reuters локален функционер во вторникот.

Претходно во вторникот Индија извести за 168,063 новозаразени со коронавирусот, што е 20 пати повеќе во последните триесет дена и покрај тоа што тестирањето е значително под капацитетите. Повеќето заразени ја прележале болеста дома и нивото на хоспитализации е помала од половината на бројката забележана во текот на последниот голем бран на заразата во април и во мај.

Многу индиски сојузни држави најавија воведување ноќен полициски час, додека главниот град Њу Делхи воведе затворање во текот на викендот, ги затвори приватните канцеларии, како и рестораните и баровите, во обидот да се заузди ширењето на омикрон варијантата на коронавирусот која брзо се шири.

Меѓутоа, десетици илјади хиндуистички аџии веќе пристигнаа на местото на одржување на годишниот ритуал во Ганг, на островот во источната сојузна држава Западен Бенгал, која бележи и најголем број зарази во Индија, по сојузната држава Махараштра на западот на земјата,

„Би можеле да пристигнат меѓу 800.000 и милион луѓе. Се обидуваме да ги спроведеме сите ковид-протоколи. Исто така, организиравме попрскување со светата вода од дронови за да нема гужви… но садуи (хиндуситичките свети луѓе) се наклонети да се нурнат. Не можеме да ги спречиме“, изјавил за Reuters Банким Чандра Хазра, министер на Западен Бенгал задолжен за организацијата на фетивалот познат како Гангасагар Мела.

Сличен голем верски фестивал на северот од Индија минатата 2021 година придонел за ширење на делта варијантата на коронавирусот која зарази милиони луѓе и починаа десетици илјади луѓе.

Секоја година на 14-ти јануари, на важниот хиндуистички ден Макар Санкрати, аџиите го посетуваат селото Гангасагар за да се искапат на вливот на Ганг во Бенгалскиот залив.

Лекарската фела во Индија апелираше до Високиот државен суд да ја поништи одлуката за дозволување на фестивалот годинава, изразувајќи дека настанот ќе стане „суперширител“ на вирусот.

Индија извести дека од почетокот на паднемијата забележала вкупни 35,88 милиони заразени со Covid-19, што е најголемата бројка во светот по САД. Бројот на починатите во понеделникот се зголемил за 277 на вкупно 484.213 лица. Индија во понеделникот извела 1,6 милиони тестови на Covid-19, а капацитетот е поголем од два милиона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.