Милиони луѓе во светот соочени со нови рестриктивни мерки

Милиони луѓе ширум светот се соочуваат во средата со нови рестирктивни мерки додека расте бројот на заразите со новиот коронавирус, но надежи дава скорешниот почеток на завршната фаза од тестирањата на вакцијата за респираторната болест Covid-19 на американската компанија „Moderna“.

Владите на земји во поголем дел од светот повторно воведуваат мерки за ограничување на новиот бран на ширењето на коронавирусот, во време кога бројот на случа на заразот надмина 13,2 милиони со малку над 576.000 починати од последиците на Covid-19.

Делови од Азиско-пацифичкиот регион, кои досега беа доста успешни во зауздувањето на епидемијата, поради порастот на бројот на новозаразените повторно воведуваат рестрикции. Хонгконг во средата повторни ги затвори кафулињата, вежбалните и салоните за разубавување, и забрането е собирање на повеќе од четири лица, во борбата против новиот бран од епидемијата откако со месеци успешно беше под контрола држен вирусот. Многу од жителите на Хонгконг доброволно од почетокот на пандемијата носеа маски, но сега тие станаа задолжителни во јавниот сообраќај.

Тревога е прогласена и во Токио, каде што властите предупредија дека бројот на заразените достигнува нови рекорди. Индиската сојузна држава Бихар, во која живеат 125 милиони луѓе, објави 15-дневен карантин кој започнува од четврток. Во градот Бангалоре, центарот на индиската ИТ индустрија, од претходно е прогласен еднонеделен карантин.

Австралиските власти во средата го повикаа населението да се придржува до мерката за физичко растојание, додека околу 5 милиони жители на Мелбурн уште од минатата седмица се во изолација од остатокот од земјата за да се запре ширењето на коронавирусот од ова жариште.

Повикот на властите и воведувањето на мерките често се игнорираат во многу делови од светот, вклучително и во САД, која е најтешко погодената земја. Секој ден во САД се пријавуваат нови десетици илјади заразени, а државните и локалните власти повторно воведуваат мерки кои веќе беа укинати. Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, само во вторникот во САД имало 63.000 новозаразени лица.

Сепак, надежи влева вчерашната најава на американската компанија „Moderna“ дека на 27-ми јули, или околу тој датум, ќе започнат завршните клинички испитувања за вакцината против Covid-19. Станува збор за третата и клучна фаза од испитувањето на луѓе на вакцината mRNA-1273. Клиничкото испитување го водо Националниот институт за здравство (NIH), а американската владата во овој прокет на „Moderna Inc“ со близу половина милајарда долари. Се смета дека компанијата дошла најдалеку во глобалната трка во развојот на вакцината. Иако оваа студија би требало да трае до октомври 2022 година, прелиминарните резултати би требало да бидат познати многу порано.

Завршните клинички испитувања ќе бидат спроведен на 87 локации, сите во САД. Ќе бидат вклучени околу 30.000 возрасни лица кои имаат големи шанси да се заразат со коронавирусот. Во текот на испитувањата ќе се спореди бројот на новозаразените меѓу лицата кои ја примиле новата вакцина и меѓу оние кои добиле плацебо.

Експерименталната вакцина ќе биде тестирана во 30 сојузни држави и во Вашингтон ДиСи. Половината се држави кои се тепко погодени од епидемијата, како Тексас, Калифорнија, Флорида, Џорџија, Аризона, Северна и Јужна Каролина.

Водечкиот американски стручњак за епидемии, Ентони Фаучи, првите резултати на вакцината на „Moderna“ ги нарече „охрабрувачки“. Тој минатата седмица предупреди на прераното укинување на мерките за карантинот, тврдејќи дека многу Американци се „премногу неодговорни“.