Милиони животни страдаа во пожарите во Австралија

23

Во пожарите кои веќе со недели траат во Австралија загинаа милиони животни, а стотици илјади се загрозени. Страдаа диви и домашни животни при што најмногу се загрозени дивите, кои се изложени на голем ризик од изумирање, објавија австралиски медиуми.

Директорката на организацијата Дивиот живот на Викторија, Меган Дејвидсон изјави дека точниот број на животни кои настрадаа во пожарите можеби никогаш нема да се знае.

– Опасноста не е помината. Спасувачките тимови се беспомошни. Во следните денови мнмогу животни ќе настрадаат од глад и стрес, истакна Дејвисон.

Алан Јорк од Универзитетот во Мелбурн наведе дека се загрозени се и многу птици меѓу кои и ретки видови.

Во пожарите во Австралија досега загинаа најмалку 18 луѓе. Надлежните предупредија на влошување на временските услови в сабота пради јачината на ветровите и зголемени температури. Досега изгореа околу пет милиони хектари земја, и повеќе од 1.300 домови се уништени.

Поради чадот од пожарите, квалитетот на воздухот во Канбера е најлош во светот во индексот на рангирање, а ветровите го носат чадот и кон Нов Зеланд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.