Милитао првото засилување на Реал кое го носи Зидан

Фудбалерот на Порто, 21-годишниот Бразилец Едер Милитао договорил трансфер во Реал Мадрид на крајот од сезоната, објави португалскиот клуб на своите официјални интернет страници.

Од мадрискиот „Кралски клуб“, пак, навеле за шпанските медиуми дека Милитао потпишал договор до 2025 година, а ова лето ќе им се приклучи на новите соиграчи на подготовките.

Бразилецот со та стана првото засилување коешто го носи новиот тренер Зинедин Зидан. Според пишувањето на тиражниот спортски дневен весник Marca, Реал веќе ја платил откупната клаузула од 50 милиони евра којашто во јуни би изнесувала 75 милиони евра.

Милитао, кој минатата 2018 година мина во Порто од Сао Паоло, дебитираше во дресот на бразилската репрезентација во септември минатата година во победата од 5:0 над Салвадор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.