Милнер планира да го продолжи договорот со Ливерпул

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Џејмс Милнер изјави дека е заинтересиран за нов договор со актуелниот европски шампион. Сегашниот договор важи до летото 2020 година.

– Мојот договор со Ливерпул истекува на крајот на сезоната, се надевам дека ќе се договориме. Сакам да играм на високо ниво што е можно подолго. Сè уште се чувствувам многу добро, вели Милнер во изјава за „Гардијан“.

Триесет и тригодишниот Англичанец во тековната сезона постигна два гола и забележа три асистенции на 13 натпревари.

Неговата вредност на фудбалскиот пазар се проценува на 15 милиони евра.