Милосављев со поклон до Периќ: Ти си најдобриот голмански тренер, ментор и животен учител (ФОТО)

Дејан Милосављев кој со Вардар ја освои Лигата на шампионите, го посети својот тренер и ментор Дејан Периќ и му подари интересна слика.

Дејан Милосављев по препорака на тренерот на голманите на Вардар, Дејан Периќ дојде во таборот на црвено-црните. Дојде како анонимус, но замина како шампион на Европа.

Милосављев сега е член на Фуксе Берлин, а во моментов додека трае ракометната пауза тој е во својата Србија. Го посетил Дејан Периќ и му однел заедничка слика со пехарот од Лигата на шампионите.

На својот инстаграм профил Милосављев напиша: 

„Најдобриот голмански тренер, ментор и животен учител. Слика која ќе ни враќа спомени, кога ќе ја погледнеме ќе се потсетиме на убави работи кои ги поминавме работејќи заедно. Фала ти на се до сега Перко мој и се надевам дека во блиска иднина патиштата повторно ќе ни се сретнат“.

https://www.instagram.com/p/CBCLyV-KLUF/?utm_source=ig_embed