Милосавлевиќ: Оваа власт не може да се пофали со многу успешни политики

Новинарот Драган Милосавлевиќ во своето гостување на телевизија Алфа го коментираше нападот од страна на СДСМ врз телевизијата потенцирајќи дека основно правило во новинарството е да се критикува власта. Целта на новинарите вели тој е да се регулира власта преку критика и пофалба, но за жал оваа власт нема многу успешни политики со кои може да се пофали.

-Основна правило на новинарството кое се учи во првите лекции е дека новинарот има задача да ја критикува власта тоа е единственито начин на кој што таа може да биде регулирана. Ние се трудиме овдека да ја регулираме власта, да критикуваме таму каде што може да се критикува, да пофалиме каде што може да се пофали. За жал оваа власт не може да се пофали со многу успешни политики , вели Милосавлевиќ.