Милошев: Штип нема да биде ставен во карантин

Штип нема да биде ставен во карантин и покрај секојдневните двоцифрените бројки на заразени. За тоа не е ниту разговарано на Комисијата за заразни болести, истакнаа на денешната прес-конференција државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

– Не размислуваме во овој момент за карантин и не гледаме причина. Карантинот не се одредува според горната граница на заразени пациенти. Карантинот се одредува спрема ризикот од внатрешна трансмисија на ширењето на вирусот, бидејќи досега концентрацијата беше строго одреден кластер или институција, а немавме широка распространетост не гледаме причина за карантин, рече Милошев.