Милошоски: Ако Заев не беше толку нервозен за „Рекет“, можеби ќе имаше договор

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, утрово на својот прифил на Фејсбук по маратонската лидерска средба, напиша дека договор за нов Закон за обвинителство можеби и ќе се постигнеше доколку премиерот Заев не беше толку нервозен во врска со предметот „Рекет“, што не може да прифати ниедно системско решение за висока корупција во кое друг професионален обвинител би имал увид во овој мега-скандал, освен владино-подобната обвинителка Вилма Рускоска

„Таквото однесување остава сомнеж дека хиерархијата на соучесници и организатори во ‘Рекет’ е многу повисоко во власта, од улогата која во овој криминал ја имала осомничената Катица Јанева“, додава Милошоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.