Милошоски бара Обвинителството да ги вештачи телефоните на Боки 13 и на Заев

Антонио Милошоски од ВМРО – ДПМНЕ јавно денеска побара од Обвинителсвото за борба против организиран криминал и корупција да отвори истрага и да ги вештачи телефоните на Бојан Јовановски, Боки 13, првообвинет во „Рекет“, како и на поранешниот премиер Зоран Заев.

Тој ова барање на ВМРО – ДПМНЕ го образложи поради сомнение дека Заев е сооуесник и налогодавач, како што рече во најголемата финансиска афера во Македонија. Барањето на Милошоски доаѓа по изјавите на обвинетите во завршние зборови на „Рекет“, што отвора основано сомнение за соучество на Заев во „Рекет“.

– Дали доказите на Обвинителството прво одат на проерка кај Заев, а потоа одат во судница – праша Милошоски.

Боки 13 во својот завршен говор завчера рече дека неговиот телефон не е вештачен за да не се видат разговорите кои ги чувал во него, но дека  ги има и на посебно УСБ и тоа разговори на поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

– Јас сум сведок и тоа може да се провери многу едноставно доколку има некој интерес да го провери – на 10 ноември 2018 во точно 16 часот во кабинетот на тогашниот премиер Зоран Заев. Сабота како ден. Тогашниот премиер ми кажа дека голема штета направила Катица Јанева со отварање на предметот „Империја“ поради Сашо Мијалков и Јордан Камчев бидејќи имале пратеници кои им требале за да му гласаат уставни измени – рече Боки во судницата.

Тој потенцираше дека Заев барал помош од Камчев кој е осомничен во случајот „Империја“, затоа што тој како што рече во судницата, имал под контрола тројца пратеници кои требало да гласаат за уставните измени, а исто и Сашо Мијалков, кој исто така е осомничен, пак имал повеќе пратеници.

– Јас сум бил сведок каде лично им е ветувано олеснување ако го поддржат референдумското прашање – изјави Јовановски.

Телефонот на Боки 13 наводно содржи и информации за осудениот Зоран Милески – Кичеец и за неговата улога во целиот случај.