Милошоски: Двајца министри од владата на Заев не добиле НАТО сертификати, власта да не го релативизира овој скандал

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, при денешната негова посета во општина Велес зборуваше за министрите Спасовски и Маричиќ кои немаат безбедносни сертификати и потенцираше дека тоа што двајца министри немаат безбедносни сертификати ја прават државата хендикеп.

-Во дипломатијата и во безбедносните служби НАТО безбедносен сертификат или се добива или не ви го даваат без образложение. Оправдувањето од страна на Владата дека никој не е одбиен писмено за НАТО безбедносен сертификат е релативизација на проблемот во кој што се гледа двајца министри, едниот за внатрешни работи, другиот за правда не добиле безбедносни сертификати. Но лага е дека некој написмено ќе ви образложи зошто не сте добиле и дека тоа ќе ви го докажува, таква обврска НАТО нема. Но, за жал Македонија е хендикеп ако двајца високи функционери немаат безбедносни сертификати, тоа ја прави државата во една подредена положба да не може да ги користи информациите од НАТО. Експертите кои што ја познаваат областа на безбедносните сертификати особено во северно-атлантската алијанса говорат дека може да бидете одбиен или да не ви се даде безбедносен сертификат, ако сте соработувале со служба која не му е наклонета н НАТО или ако сте вмешан во криминал или корупција. На владата е, на Министерството за внатрешни работи и правда да одговорат која е причината зошто овие министри немаат безбедносни сертификати и сметам дека е ова сериозен безбедносен проблем кој може на некој начин да се нарече и безбедносен ветинг од страна на НАТО кон некои неподобни политички или безбедносни фигури во државата, истакна Милошоски.