Милошоски: Ќе докажеме дека случајот „Моќник“ е политички мотивиран и правно неиздржан

Случајот „Моќник” е правно неоснован и политички мотивиран, тоа ќе о докажеме со силата на аргументите, изјави Антонио Милошоски, пред Кривичниот суд во Скопје, еден од обвинетите откако судот објави дека рочиштето се одложува за 23 декември.

– Деновиве ги известив и ги поканив овој предмет да го следат „Коалицијата за правично судење”, Мисијата на ОБСЕ и Мисијата на ЕУ, со цел самите да се уверат дека се работи за арбитререн правно неоснован и политички мотивиран случај. Обвинителниот акт е компромитиран по два основи, прво истрагата ја почнала специјалната обвинителка Катица Јанва, која се занимавала со рекетирање, а продолжена е од нејзината другарка Фетаи, за која Државната ревизија утврдила дека незаконски земала надоместок од 87.000 евра од СЈО. Свесен сум дека дел од обвинителството е под директна контрола на власта и затоа очекувам тие да го користат аргументот на силата, но одбраната со силата на аргументите ќе докаже дека случајот е правно неиздржан и има политичка димензија и цел – изјави Милошоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.