Милошоски е категоричен, Заев во Рекет 2 изрично го прекршил Законот за кривична постапка

Антонијо Милошоски пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, на тв дебата на Телевизија 24 кон советникот на премиерот Боран Маричиќ, а во врска со законот за обвинителство и влијанието на власта врз правосудните органи, истакна дека Заев влијае врз судството и врз обвинителството, и изрично го прекрши Законот за кривична постапка, по тоа власта го одолговлекува донесувањето на законот за обвинителство.

Милошоски потенцираше дека поранешен министер за правда и висок претставник на ДУИ коалициониот партнер нво владата, кој што беше вклучен на почетокот во преговорите за законот за обвинителство, Блерим Беџети излезе во јавност и велеше дека Антикорупциска му отвара случаи затоа што не сакал да одговори позитивно на повикот на премиерот да влијае врз одредени судии во Републичкиот Судски совет, кој претседател на суд да биде именуван или разрешен.

-Скандал е еден поранешниот министер за правда да излезе јавно и да каже дека премиерот му се јавувал за да влијае врз судии во Републичкиот Судски совет, кој да биде избран или разрешен, вели Милошоски.

Пратеникот вели дека влијанието на Заев врз судството е многу големо и во обвинителството е многу големо. Во случајот Рекет 2 премиерот исто така на јавна прес конференција кажа дека тој го пријавил случајот во Јавно обвинителство и велеше дека е нормално и законито и праведно тој да ги известел странските инвеститори дека имало предистрага.

-Тоа не е законито, тоа е спротивно член 298 од Законот за кривична постапка, затоа што секоја истрага или предистрага е тајна, како можел Заев да знае и Ден Дончев да знае, вели Милошоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.