6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Милошоски: Единственото што успеа да го направи Заев е што ги обедини граѓаните против себе

Вечерва би сакал тука од Кичево да пренсесеме една порака заеднички со сите граѓани присутни на овој протестен собир, дека време е Зоран Заев да си оди за државата да тргне напред. Бидејќи се работи за еден човек и политичар кому секој збор му е лага, како што беше лага ветувањето дека од Македонија ќе направел европска држава, рече во своето обраќање пред кичевци во понеделникот вечерта пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

„Македонија гледаме дека и економски, национално, уставно и образовно, во секој поглед назадува, за жал и наместо ветувањата на Заев дека ќе ја однесе државата во европски Париз, тој заглави во бугарскиот Пазарџик. На сметка на пазарењето со националното достоинство на Македонците но и на сите граѓани со кои што манипулира. Затоа сметаме дека за ваков еден корумпиран политичар за кого што националните интереси се предмет на трговија, треба што побрзо Заев да си даде оставка за Македонија да да може да биде понормална и развиена држава. Оттука од Кичево сакам да порачам дека има и многу наши сограѓани кичевчани кои се членови на СДСМ, не би сакал поединечно да ги споменам, кои што се срамат од тоа што ваков човек им е претседател и за жал во моментот е премиер на државата„, истакна Милошоски.

„Но неговите денови се одброени и мислам дека, во едно успеа Заев да направи, а тоа е што успеа да ги обедини граѓаните против него. Бидејќи и тие што не веруваа за каков неурамнотежен политичар станува збор, сега може да се уверат дека Заев е проблемот на Македонија. Затоа нашата порака е оставка на Заев, слобода за Македонија“, додаде тој.