Милошоски: Избори во еден круг ќе бидат и подемократски и поекономични

„Се залагаме изборот на градоначалници да се врши во првиот круг, со одреден цензус на минимум гласови кои што би требало да бидат освоени од било кој кандидат. Зошто го сметаме ова? За тоа што се забележа на повеќе локални избори дека најголемите девијации или злоупотреба на државни ресурси се случуваат помеѓу првиот и вториот изборен круг во оние општини што се побитни“, рече Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување на емисија на Алфа телевизија.

Милошоски додаде дека најчесто за добивање на вториот круг се насочуваат ресурси од владејачката партија да се оди со понуда или вработувања, со одредена финансиска помош, стипендии, интервенции во инфраструктура и сл.

„А, сметаме дека избори во еден круг ќе бидат и подемократски и поекономични. И во најмала рака ќе го намалат тој чин на злоупотреба на државните ресурси и ќе го подобрат имиџот на државата“, појасни Милошоски.

Милошоски посочи дека во моментов имиџот на државата е дека е хибриден режим и тоа по вина на оваа влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.