Милошоски: Ковачевски покажа колку е немоќен со ситуацијата во Слупчане

Колку глупава изјава на Ковачевски, се вели во објавата на Фејсбук на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

-Па и Алкалоид, Жито-Лукс, Макпетрол, и Дрекслермаер и Ван Хол се приватни компании …, и замислете група граѓани да ги блокира, да им го запре производство, услугите или да им ги оштетува објектите Со оваа изјава премиерот само покажува колку тој е немоќен актер во извршната власт, но за жал испраќа и лоша порака на имотна и правна несигурност која државата не може да им ја гарантира на компаниите на секој дел од својата територија, истакна Милошоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.