Милошоски: Криењето на договорот дава индиции за корупција, веќе има доспеaна обврска за исплата на околу 280 милиони евра на Бехтел и Енка, а се нема започнато да се гради ниту еден сантиметар

Овој проект кој по проценка бидејќи нема ниту основен проект вреди 1.3 милијарди евра договорот треба да биде објавен, бидејќи договорот не го плаќа приватна фирма, туку македонските граѓани преку буџетот, изјави Антонијо Милошоски во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.

Милошоски посочи дека со тоа што Ковачевски, Груби и Бочварски го кријат договорот отвара сомнеж дека всушност ги кријат коруптивните клаузули внатре во договорот.

Со самото тоа што Артан Груби, Ковачевски и Бочварски го кријат договорот сметам дека тие даваат индиции дека ги кријат коруптивните клаузули внатре во договорот, рече тој.

Милошоски направи мала споредба во однос на чинењето на еден километар изграден автопат на Миладиновци Штип, кој чини 4 евра, додека овој автопат ќе чини 12 милиони евра.

По однос на бројките дали е историски успех или историски грабеж, ќе направам само една кратка споредба. Миладиновци – Штип автопатот 1 километар автопат чинеше 4 милиони евра со изграден автопат, сега имаме 12 милиони евра проценка за овој автопат, при што ќенапоменам нема основен проект и се уште ја немаме крајната цена. Значи ние имаме 20 градежни материјали во договорот кои што имаат неутврдена цена и пишува ќе се утврдат дополнително, вели Милошоски.

Милошоски вели дека овој договор на владата на СДС и ДУИ со Бехтел и Енка е всушност копија на договорот на Бехтел со Косово.

Затоа во право е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кога коментира дека овој договор за жал ќе чини повеќе од 2 милијарди евра и овие податоци после анализата со експерти од Градежен факултет. Зошто владата не ги повикала од градежен факултет најдобрите експерти да направат добар договор. Овој договор е само лоша копија на договорот со Бехтел од Косово иако Косово имаше барем одреден тендер и одредена компетиција. Овде се е затворено, монополизирано и за жал договорот се прекршуваат одредбите од Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и утре може Холандија, Австрија или Данска да не блокираат заради прекршување на овој договор.

На прашањето во кој делови од договорот го гледате историскиот криминал, Милошоски нагласи:

Значи имаме Гранит како фирма која што за површински ископ и трнаспорт по метар кубен наплаќа 2,3 евра. Во договорот потпишан од Бочварски, Ејуп Рустеми и Артан Груби овој површински ископ и транспорт ќе чини 7,4 евра по кубен метар. А тоа се многу многу кубни метри. Овие цени се актуелни, значи цената на Граните која што ја врши истата работа е за 3 пати поевтина од цената на Артан, Рустеми и Бочварски.
подповршински ископ на метар кубен Гранит го прави тоа за 4 евра, договорот на Артан, Рустеми и Бочварски се пишани 9 евра. Ова се мали бројки кој што ја докажуваат корупцијата.

Втора работа, имаме по патот банкини, осветлувања, тунели, опрема на тунели и многу други работи, за тие градежни материјали пишува дека нема цена и дека ќе бидат дополнително утврдени. И она што најмногу зачудува референтната цена која што во сите овие поголеми договори најчесто е цената на нафтата, цената на златото, среброто, или цената на американскиот долар и флуктуирањето на таа вредност и ена се врзува на можни промени и анекси на договорот е најчесто дел од меѓународните договори. Во овој договор референтниот параметар за можна промена на цена е цената на резиденцијалните објекти во Скопје, зошто е пишана? Намерно затоа што во изминатите година, две таа цена според инфлацијата многу високо рипна, веројатно се очекува и да продолжи во иднина и тука ќе се зголемуваат дополнително цените на чинење на овој проект. Затоа сметам дека е многу голема грешка направено, доспеани се обврски од прлика 280 милиони евра да се плати на изведувачот, а се нема започнато да се гради ниту еден сантиметар.