Милошоски: Меѓународниот Интерпол го бара Седат Пекер, а македонскиот го чести ручек

Пратеникот од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денеска поставил писмено пратеничко прашање до Министерството за внатрешни работи (МВР), а кое се однесува на контактите што ги имал турскиот мафијаш Седат Пекер со началник во министерството што го води Оливер Спасовски.

„Бидејќи во јавноста има голем интерес околу тоа кој од повисоките структури во МВР бил запознаен со издавањето на 214 пасоши на нарко-босови со украден идентитет во случајот ‘Мафија‘, денеска до МВР на Спасовски поставив писмено пратеничко прашање, а поврзано со неговиот помошник министер: Дали во периодот октомври-декември 2020 година началникот во МВР за меѓународна соработка и Интерпол, Рефик Ќерими, остварил една или повеќе средби со мафијашот Седат Пекер, по кого токму Интерпол трага со потерница? Од помош на оваа тема би можеле да бидат документите кои за меѓународниот мафијаш Седат Пекер ги води и Агенцијата за национална безбедност?“, на-пиша Милошоски на Фејсбук.