21.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Милошоски му порача на Филипче помалку да тера пи-ар и да се фати за работа

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека министерот за здравство Венко Филипче треба да тера помалку пи-ар и да се фати за работа.

-⛔Додека многу луѓе во пендемијава секојдневно се борат за својот живот, министерот Венко Филипче не е способен да ги исполни ниту неговите сопствени ветувања дека навремено ќе обезбеди вакцини за имунизација.
💉Додека министрите за здравство на Србија, Албанија, Бугарија, Грција напорно работеа и веќе им овозможија вакцинација на нивните граѓани, на доброволна основа, Венко Филипче правеше неетички PR со пациенти-деца и Дедо Мраз.
💶Додека лекот Xarleto (Клексан, против згрутчување на крвта) во Германија е 10€, Венко “заборавил” во Македонија да го стави на позитивната листа и истиот болните пациенти го плаќаат по 60€, од што некој зема дебели провизии.
📌Затоа на граѓаните не им треба PR-от на Венко, туку им треба конкретна и организирана помош за да се спаси човечки живот преку навремени и достапни здравствени услуги, стои во неговиот пост на Фејсбук.