Милошоски: Не се отвора истрага за Дончев бидејќи може да стигнат до Заев и Тодоров

Антонијо Милошоски, кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во интервју во Само вистина во Канал 5 вели дека не се покренува истрага за поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев бидејќи таа може да стигне до претседателот на СДСМ ЗОран Заев и поранешниот министер Никола Тодоров.

Цела јавност знае дека не се покренува истрага за Ден Дончев затоа што таа истрага може да стигне и до Зоран Заев и до Никола Тодоров поранешниот министер и на таа истрага може да се види дека некоја бил рекетиран на месечна основа и дека не кој мора да носи цел куфер со пари до Струмица за да нема постапка, смета Милошоски.

Милошоски нагласи дека Јавното обвинителство, а претходно и Специјалното јавно обвинителство се политичка алатка за Заев да може да рекетира, да уценува или да деградира политички неистомисленици.

Јавното обвинителство во моментот како и СЈО претходно се само политичка алатка за Зоран Заев да изрекетира сопственици, или да уцени, или да деградира политички неистомисленици, рече Милошоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.