Милошоски: Никој не знае колку пари се трошеле во СЈО

Во сите финансиски извештаи што СЈО ги доставувало до Собранието не биле наведени прецизни ставки во трошењето на средствата. Според пратеникот Антонијо Милошоски, тоа не било случајно, туку имало за цел да се сокријат високите суми на исплатените хонорари, но и сторените злоупотреби.
„Разгледани се сите извештаи и во сите пишува, поголем дел од средства се
потрошени за наемнини, хонорари, набавки и слично, помал дел не се потрошени. Не
се кажува колку се потрошени на вештаци, колку се потрошени на плати, колку се
потрошени на хонорари, колку се потрошени на јавни набавки. Она што го имаме како сознание дека имало злоупотреба и прекршување на постојните законски прописи од страна на СЈО при вршењето на јавни набавки внатре во СЈО, односно индиции дека се злоупотребени пари на граѓаните, несовесно, незаконски и нестручно за нечија сметка односно за нечие материјално богатење – објави Милошоски.

Пратеникот додава дека на блиските роднини на помошници обвинители, внатре во СЈО или на самата специјална обвинителка, или на блиските лица на судии, обвинители, пратеници, функционери и министри надвор од СЈО, кои што биле вработени во СЈО им се исплаќани несразмерно високи хонорари по потпишани договори за чување на деловна тајна. „А, во самиот опис на работата на човек кој што влегува да работи во обвинителска функција, за основната плата нема потреба за посебен договор“, открива Милошоски.