Милошоски: Од уставно-правен аспект Собранието не може да одлучува преку онлајн апликации

Од уставно-правен аспектм Собранието не може да работи и да одлучува преку онлајн апликации, од едноставна причина што постои јасна уставна норма, односно членот 69, која налага присуство на собраниските седници, на мнозинство од вкупниот број  пратеници, појасни во вторникот Антонио Милошоски, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ  пренесувајќи го ставот на неговата пратеничка група, денеска изјави дека .

Милошоски наведува дека ако бил Уставот за онлајн сесии ќе пишувало учество, а не присуство, како што прецизно е утврдено и со Деловникот во членот 29 во којшто се наведува дека пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето.

„Од етички аспект, би било нееднаквост доколку пратениците физички не одат на работа во Собранието, а во исто време се бара градежниците, медицинскиот персонал, продавачите, возачите, наставниците, судиите, чиновниците и приватниците физички да бидат на своите работни места за са си ја заработат својата плата“, потенцираше Милошоски на својот фејсбук профил.

Подоцна пратеникот овој свој став го објасни во изјава за медиумите потенцирајќи дека одговорност е на владејачките партии што одлучиле со такво тенко мнозинство да влезат во една „авантура наречена ефикасни институции, кои што ги ветуваа пред изборите“.

„За да има ефикасни институции, мора да има соработка од власта со сите други пратенички групи и уважување на нивните ставови и мислења кога се работи од интерес на граѓаните“, рече Милошоски.

Доколку, како што додаде, „на мускули“ се тера проектот онлајн седници. се ризикува политичка криза во Собранието и дополнително се воведува уште една правна несигурност.

„Кој било закони што би се изгласале на онлајн седници, а Уставот предвидува присуство, порано или подоцна може да паднат на Уставен суд“, рзаклучи Милошоски.