Милошоски: Пендаровски го префати „вирусот“ Заевизам, прво настапуваше со тврдење, а потоа одиш со лажење и самодемантирање

Антонио Милошоски по денешната прес-конференција на Претседателот, Стево Пендаровски, на социјалните мрежи напиша:

„Претседателот Стево Пендаровски, заради неговото другарување со Заев изгледа го префати “вирусот” Заевизам – т.е. прво настапуваше со тврдење, а потоа одиш со лажење и самодемантирање!

На 30ти мај Пендаровски тврдеше дека заради зголемениот број на заразени и починати сограѓани прогласува вонредна состојба!

Само 13 дена подоцна Пендаровски “тврди” дека тој никогаш не прогласил вонредна состојба заради бројот на заразени и починати и таквите споредби биле неосновани.

Зошто Пендаровски денес одбра да се самодемантира најдобро знае неговиот другар, “носителот на вирусот Заевизам“.