21.8 C
Skopje
сабота, октомври 1, 2022

Милошоски: Поранешна советничка и заменик градоначалник на Битола од СДСМ вработена во АЕК за нето плата од 55.000

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски преку статус на Фејсбук пишува дека поранешна советничка и заменик градоначалник на Битола од СДСМ вработена во АЕК за нето плата од 55.000.

„Честитки за госпоѓа Емилија Костурски, член на ЦО на СДСМ од Битола, за новото вработување во АЕК, за нето плата од 55.000 денари. Можеби како наставничка на возраст од 56 години не била задоволна од платата во медицинското училиште, или можеби директорот на АЕК (Јетон Акику, ДУИ) проценил дека Емилија Костурски е најдобриот стручњак во Битола без кој институцијата нема да може да напредува.

Интересно е што на августовскиот оглас во АЕК конкурирале г-а Костурски (завршен електро факултет) и еден помлад 35 годишен човек со завршен информатички факултет. Но, иако во огласот се бара соработник за информатички технолигии, сепак АЕК ја избира Емилија Костурски, што остава сомнеж дека конкурсот е наместен. Интересно е што на интервјуто во Агенцијата за администрација информатичарот добива 35 поени, а госпоѓата од СДСМ ги добива сите 40 поени, ни поен помалку од максимумот. Браво. Изгледа дека госпоѓа Костурски навистина е талент по информатички технолигии, само хејтерите би рекле дека огласот во АЕК е наместен за неа, а тоа што таа беше советничка и заменик градоначалник на Битола од СДСМ веројатно е чиста случајност.

Сепак, решението на АЕК е обжалено и во следниот период останува да се види дали 35 годишниот дипломиран информатичар ќе успее да докаже дека неговата стручност е побитна од клиентелизмот на госпоѓата Костурски?“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.