Милошоски: Поседувам снимка во која Заев договара ослободување на стопанственик од притвор

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери да пушти аудио снимка во која се слуша гласот на лицето З.З.

Џафери не му дозволи, а министреката за правда, Рената Дескоска посочи дека Милошоски блефира.

– Вие и минатиот пат не пуштивте бомба, туку обична петарда. Кај вас постои страв од донесувањето на Законот за јавно обвинителство и затоа измислувате работи за да ја одолговлечите работата. Очекувам дека 80 пратеници ќе го поддржат законот – рече Десковска.

Милошоски, пак, ѝ одговори дека поседува снимка од која може да се слушне како Заев договарал ослободување на стопанственик од притвор.

– Дали знаете дека поседувам снимка во која се слуша како Заев договара ослободување на еден стопанственик од притвор? Дали тој разговор би бил доказ за покренување кривична постапка? Зоран Зеав најдобро знае колку имам за него такви материјали. Затоа власта не сака таквите материјали да бидат основа за покренување обвинителен акт – рече Милошоски.

Собранискиот спикер даде уште еден час пауза.