Милошоски: Приоритетот за вакцинирање на попишувачите е доказ дека за Заев е поважен пописот отколку здравјето на граѓаните

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната прес конференција зборуваше за тоа кој треба да има предност за добивање на вакцина против КОВИД-19 и истакна дека според него секој граѓанин има право на имунизација.

Според Милошоски тоа што Заев го изјави дека ќе им даде предност на попишувачите покажува дека за Заев поважен е пописот од целокупното здравје на населението.

-Според мене ако ме прашате секој граѓанин во државата има право на имунизација. Изјавата на премиерот дека ќе им даде предност на попишувачите покажува колку за него пописот е поважен политички од целокупното здравје на населението. Според мене медицинските лица, полицајците, постарите лица и хронично болни би требало да бидат приоритет и секој друг граѓанин. И она што сакам да го напоменам е дека имунизацијата со Астра Зенека, вакцината произведена во Велика Британија според Британија и Србија каде што се вакцинираа новинари треба да се земе првата вакцина еднаш и втората вакцина после 12 недели за човек да биде сигурен дека има имунитет. Секој друг обид, постапка за скратување на било кои рокови ќе биде само политизирање и недоволно посветување на внимание на овој процес на имунизација, со тоа што би било повеќе импровизација отколку имунизација, кажа тој.